Додека германските производители на автомобили во Европа планираат да преминат кон електрични возила и да го стопираат производството на многу верзии на возила со мотори со внатрешно согорување, кинеските производители паметно го користат овој дефицит на пазарот, пишува Focus.de.
Како што наведува „HAK“, забраната за мотори со внатрешно согорување во Европската унија во 2035 година иницираше голема транзиција и отвори простор за поевтини кинески бензини и хибриди. Иако Кина го зголемува производството на електрични автомобили, повеќето производители таму развиваат мотори со внатрешно согорување. Со оваа стратегија, Кинезите во странство заземаат сè поголем дел од автомобилскиот колач. Во Мексико, на пример, многу голем пазар за VW со децении, кинеските производители веројатно ќе достигнат пазарен удел од 20 проценти оваа година. И тоа речиси исклучиво со бензин и хибриди.
Но, сега започнува и инвазијата на Европа, со MG, Chery, Geely и слични брендови чии теренци се за 20 отсто поевтини во однос на европските и јапонските. Европската автомобилска индустрија е малку потресена, а одговорот се уште се чека.