Леви, синот на глумецот Метју Меконахи со своја објава ги насмеа следачите на интернет-просторот. Имено, додека купувал божиќни подароци, решил со видео да се пошегува со татко сѝ.
View this post on Instagram
– Го привршувам божиќното пазарување и стигнав до – татко ми. Секогаш ми е тешко да го најдам вистинскиот подарок за него, но мислам дека најдов нешто… Момци, мислам дека ја најдов вистинската работа!, раскажува 15-годишниот Леви, снимајќи се.
Вниманието на тинејџерот во тој миг се сосредоточи на бонго-тапан. Тоа се оние афро-кубански мали тапани – две трупчиња споени во еден удирачки инструмент.
– Сите знаеме дека татко ми сака добро бонго, нагласи Леви.
Под објавата се собра долга низа коментари. „Само нека не ја носи истата облека како и минатиот пат кога свиреше“, „Да, бонгото е вистински подарок“, „Имаш добра смисла за хумор“ – напишаа следачите.
Зошто е ова смешно? Метју во 1998 година бил уапсен оти гол свирел на бонго. Тој раскажа за овој настан и во својата книга објавена 2020 година.