Најмалку 113 убиени во напади на вооружени банди во централна Нигерија

од Radmila Tasevska
182 прегледи

Најмалку 113 лица загинаа во напади во централна Нигерија, пренесоа светските агенции. Повредени се над 300 лица.

Нападите беа извршени од вооружени групи меѓу саботата вечерта и денеска во неколку села во државата Плато, во централниот дел на земјата, соопштија локалните власти. Областа со години е зафатена од етнички и верски тензии.

Вооружени групи нападнаа најмалку 20 села и нападите беа добро координирани.

По повод оваа информација, невладината организација „Амнести интернешенел“ соопшти дека властите во Нигерија се уште не успеваат во обидите да стават крај на зачестените напади во државата Плато.

Слични содржини