263
МВР информира дека синоќа во 19.55 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го привеле Х.Б.(31) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување во угостителски објект на подрачје на Гази Баба, а потоа оштетил стакло од врата во Полициската станица Гази Баба.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.