Палестинското Министерство за здравство на Хамас денеска соопшти дека во израелските операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври загинале 21.320 луѓе.
Портпаролот на Министерството Ашраф ал Кудра исто така рече дека во истиот период биле ранети 55.603 лица.
Околу 1.200 луѓе загинаа во Израел, повеќето цивили, во нападите на Хамас на југот на Израел на 7 октомври, додека околу 240 заложници беа однесени во Газа.
Според Израел, една од целите на војната е ослободување на над 100 заложници кои се уште се држат во заробеништво.
Досега 164 војници беа убиени во израелската копнена офанзива на Појасот Газа која започна на 27 октомври, а околу 300 припадници на израелските безбедносни сили беа убиени во прекуграничните напади на палестинските екстремисти на 7 октомври.