Наследникот на Maserati Quattroporte „замрзнат“ до понатамошно известување

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Претходно оваа година беше објавено дека следната генерација на електричниот Maserati Quattroporte ќе пристигне во текот на 2024 година, но сега италијанските медиуми пренесуваат дека таквото електрично Quattroporte е „замрзнато до понатамошно известување“.

Според веста, добавувачите биле информирани кон крајот на ноември дека проектот M9S е „суспендиран“ и дека треба да го „замрзнат развојот поврзан со проектот“.

Сепак, Maserati наводно се обидел да ги увери добавувачите велејќи дека идните модели на Maserati ќе бидат „развиени, конструирани и произведени 100% во Италија, како и дека ќе имаат електрични мотори“.

Сè уште не е јасно зошто електричниот Quattroporte е ставен во мирување, но италијанските медиуми наведуваат дека „во тек се дискусии за репозиционирање на врвните брендови на групацијата, со цел да се избегне преклопување помеѓу Alfa Romeo и Maserati“.

Електричниот Quattroporte требаше да биде базиран на архитектурата STLA која ќе биде основа на сите идни ЕВ од Maserati. Како резултат на тоа, му е доверена клучна улога во обликувањето на иднината на брендот во отфрлањето на SUS моторите до 2030 година.

Дополнително, претходните вести сугерираа дека новиот Quattroporte ќе прифати радикален нов изглед дефиниран од неговите електрични подлоги.