Се зголемува бројот на жртви од руските напади взр Украина

од Radmila Tasevska
239 прегледи

Бројот на жртвите од рускиот напад врз украинските градови се зголеми на 26, соопшти денеска кабинетот на претседателот на Украина додавајќи дека повеќе од 120 лица се ранети.

Би-Би-Си јави дека загинале 28 лица.

Олексиј Кулеба, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател, на Телеграм соопшти дека загинале 26 лица.

– Бројот на жртвите е 26, а повеќе од 120 луѓе се ранети како резултат на масовниот руски напад. Не ги игнорирајте сирените за воздушен напад, им порача Кулеба на граѓаните, пренесе Украинска Правда.

Украинскиот весник оцени дека ова е најсилниот напад врз Украина од почетокот на војната во февруари минатата година.

Во текот на ноќта Русија изврши напади врз Киев, Харков, Дњепар, Одеса, Лавов, Запорожје и помали градови.

Според украинските воздухопловни сили, Руската Федерација наводно ги користела речиси сите видови оружје со кои располагала. Се додава дека украинската воздушна одбрана успеала да уништи 114 од вкупно 158 непријателски цели.

Слични содржини