Земјоделците кои протестираат против мерките на Шолц, со трактори се упатиле кон неговата локација

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја отвора фабриката за возови „Дојче Бан“ (Германски железници – ДБ) во Котбус, а земјоделците кои протестираат против мерките на неговата влада тргнале со трактори кон фабриката.

„Тагешпигел“ наведува дека Шолц пристигнал во фабриката и ја обиколува и дека поради тоа се воведени строги безбедносни мерки.

Се вели дека земјоделците пред фабриката прават голема врева со трубење и врева на трактори.

Полицијата ги спровела покрај фабриката, а потоа го блокираше главниот влез во неа за земјоделците да не можат да се пробијат.

Се наведува дека пред фабриката се паркирани околу 50 трактори и неколку шлепери. На протестот кој се наоѓа на околу 100 метри од фабриката се собрале неколку стотици земјоделци и нивни поддржувачи.

Слични содржини