Microsoft го престигна Apple како највредна јавна компанија во светот

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Microsoft денеска накратко го престигна Apple и стана највредната таква компанија во светот, што е нов пресврт во повеќедецениското ривалство меѓу двете големи технолошки групи.

Акциите на софтверската компанија денеска поскапеа за околу еден процент, додека за речиси исто толку паднаа акциите на производителот на iPhone, објави „Фајненшл тајмс“.

Возбудата на инвеститорите поради новиот бран на генеративна вештачка интелигенција (AI), поттикната од огромната популарност на ChatGPT на OpenAI откако беше лансирана кон крајот на 2022 година, продолжи и во новата година, а Microsoft е една од компаниите со најмногу профит.

Слични содржини