Шапс: Разочарувачко е одбивањето на Нетанјаху на решение со две држави

од Radmila Tasevska
319 прегледи

Британскиот министер за одбрана, Грант Шапс, денеска изјави дека е разочарувачки што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не прифаќа решение за конфликтот што вклучува формирање на суверена палестинска држава.

-Разочарувачки е да се слушне кога Нетанјаху вели дека не верува во решение со две држави. Искрено, тој тоа го зборуваше во текот на неговата политичка кариера, колку што можам да кажам. Мислам дека нема да имаме решение ако нема решение со две држави, изјави Шапс за „Скај Њуз“.

Министерот Шапс повтори дека Велика Британија е за решение со две држави и додаде дека „нема друга опција“.

Во текот на викендот, портпаролот на Нетанјаху тврдеше дека во телефонски разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден, израелскиот лидер рекол дека безбедносните потреби на неговата земја не оставаат простор за суверена палестинска држава.

Во изјава за Би-Би-Си, британскиот министер кажа дека „Палестинците заслужуваат суверена држава, а Израел ја заслужува целосната способност да се брани себеси и сопствената безбедност“.

Тој кажа и дека има различни мислења во иазрелската Влада „бидејќи се работи за разнолика коалиција“, и дека Велика Британија прави разлика меѓу мислењата на поединци и севкупната поддршка за Израел како земја.

Слични содржини