204
Американскиот милијардер Елон Маск денеска изјави дека неговата социјална мрежа Х има помалку антисемитска содржина во споредба со другите социјални мрежи.
„Надворешните ревизии што се направени покажуваат дека има најмалку антисемитизам на социјалната мрежа Х, во споредба со сите други апликации“, рече Маск на конференцијата за антисемитизам во Полска, пренесе Ројтерс.
Претходно денеска, Маск го посети меморијалниот парк на местото на германскиот логор на смртта „Аушвиц“ од Втората светска војна, откако некои еврејски верски водачи во САД го обвинија дека дозволува антисемитски и пораки со омраза на неговата социјална мрежа.