Руската Дума усвои закон за конфискација на имот поради ширење лажни вести за војската

од Stefanija Kuzmanovska
379 прегледи

Долниот дом на рускиот парламент денеска во прво читање го усвои предлог-законот за конфискација на имотот на осудените за ширење лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација и повикување на активности насочени кон поткопување на интегритетот и безбедноста на Русија.

Мерката за конфискација на имотот и државните награди, за која гласаа 395 пратеници на Думата, ќе важи за осудените за јавно повикување на екстремизам и на воведување санкции против Русија и нејзините граѓани, како и за оние кои се осудени за помагање во извршувањето на одлуките на меѓународните организации во кои не учествува Руската Федерација.

Во усвоениот предлог-закон се предлагаат и измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, пренесува РИА Новости.

Слични содржини