Бернард Арно го престигна Маск на листата на најбогати на Форбс

од Vladimir Zorba
844 прегледи

Французинот Бернар Арно, претседател и извршен директор на глобалната компанија за луксузни производи LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy) е најбогатиот човек во светот, откако го презеде првото место од американскиот претприемач Eлон Маск, според веб-страницата на магазинот „Форбс“.

Според „Форбс“, богатството на Арно се зголемило за 23,6 милијарди американски долари и моментално се проценува на 207,8 милијарди долари.

Маск падна на второто место со неговите компании Tesla и SpaceEx кои му помогнаа да постигне нето вредност од 204,5 милијарди долари.

Слични содржини