Сирени низ централен Израел: Хамас тврди дека го гранатира Тел Авив

од Nikola Popovski
297 прегледи

Военото крило на Хамас, бригадите Изадин Ал-Касам, денеска соопштија дека истрелале ракетен оган кон Тел Авив, а во попладневните часови низ централен Израел се огласиле сирени за предупредување против проектили.

-Бомбардирањето на Тел Авив е „одговор на масакрите на цивилите од страна на ционистите“, соопштило военото крило на Хамас, алудирајќи на воените операции на Израел во Појасот Газа.

Новинарите во Тел Авив и Ерусалим слушнаа далечни експлозии, а во Кан Јунис видоа како ракети се истрелани од тој град на југот на Појасот Газа, објави Си-Ен-Ен.

Повеќето сирени денеска се слушнале јужно и источно од Тел Авив, а израелските служби за итни случаи соопштиле дека нема моментални извештаи за можни жртви во налетот на истреланите гранати денеска врз централен Израел.

Слични содржини