305
„Јас можам да кажам што јас и моите колеги од партијата ќе направиме. Граѓаните нема да платат поскапа електрична енергија со нас. Можеби некој друг ќе ја зголеми, но јас знам каква одлука ќе донесеме на 30 јуни“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Аргумент плус“ на ТВ24 запрашан за продолжување на субвенциите за електрична енергија.
Тој објасни дека над 80 отсто од цената на електричната енергија што ја добиваат граѓаните е субвценионирана, односно платена од страна на државата.
„Ако во сметката за потрошена електрична енергија сумата е 2000 денари тогаш 1680 денари е субвенциијата од државата. Да ја нема би платиле 3680 денари, а плаќате 2000. Тоа е разликата“ објасни Битиќи.