169
Полицијата во Мароко уапси 30 лица осомничени за трговија со бебиња и уцена поради стекнување профит во Фез, град на северот на земјата.
Меѓу осомничените уапсени има 18 агенти за обезбедување, лекар, две медицински сестри, здравствени работници, како и посредници, рече извор од безбедносните сили за мароканска новинска агенција.
Тој извор не го прецизираше бројот на бебиња кои биле жртви на трговија со луѓе, но наведува дека некои од уапсените се осомничени дека посредувале во продажба на новороденчиња и работеле за семејства кои сакаат да посвојат напуштени деца во замена за пари, пренесува „Фигаро“.