360
Константинос Николау е нов главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, кој на оваа функција доаѓа како вршител на должност до одржување на наредното Собрание на акционери, а истовремено Николау е избран и за в.д. извршен член на Одборот на директори.
Николау доаѓа на местото на Борис Хрисафов кој ќе ја извршува функцијата в.д. неизвршен член на Одборот на директори.