Хаос во Москва: Приведени десетици граѓани поради протести против воената мобилизација

од Nikola Popovski
316 прегледи

Руската полиција денеска привела неколку десетици лица во центарот на Москва, поради учество на протест против воената мобилизација за потребите на војната во Украина.

Порталот „ОВД-Инфо“ кој известува за слободата на собирање во Русија, наведува дека најмалку 27 членови на група, во која членуваат жени на мобилизирани војници биле приведени од полицијата во близина на Кремљ додека лежеле на цветната алеја во близина на споменикот на Непознатиот војник, пренесува Ројтерс.

Како што се додава, повеќето од уапсените се новинари. Некои од уапсените подоцна биле ослободени.

Се поголем број Русинки бара враќање на нивните сопрузи, синови и браќа од фронтот, откако тие беа мобилизирани по декретот на претседателот Владимир Путин во септември минатата година, наведува Ројтерс. Московското обвинителство соопшти дека протестот не е усогласен со надлежните органи и се смета за незаконски собир.

Слични содржини