189
Регионален центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против К.О.(41) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, на 01 февруари 2024 на Граничен премин Деве Баир, пријавениот на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за товарното возило кое го управувал.