226
Во Салвадор денеска почна масовно судење на речиси 500 наводни водачи на бандата Мара Салватруча за повеќе од 37.000 злосторства извршени во текот на една деценија, соопшти обвинителството.
Меѓу обвинетите има и наводни членови на бандата за кои има барање за екстрадиција од САД, соопшти обвинителството.
Тие се товарат за кривични дела како што се тешко убиство, киднапирање и трговија со оружје.
Бандата Мара Салватруча (МС-13), има десетици илјади членови и е една од најнасилните во земјата. Формирана е во 1980-те години со цел заштита на салвадорските доселеници од ривалските банди во Лос Анџелес, а подоцна прераснала во прекугранична криминална организација.