290
Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир Абдолахиан денеска во Бејрут изјави дека Иран и Либан не се обидуваат да ги прошират непријателствата во регионот.
Иран и Либан потврдуваат дека војната не е решение и дека ние апсолутно никогаш не сме барале нејзино проширување, истакна Абдолахиан на заедничката прес-конференцијата со неговиот либански колега Абдала Бу Хабиб.
Според Абдолахиан единствениот начин да се стави крај на конфликтот во Појасот Газа е политичкото решение.
Тој и го предупреди Израел да не преземе какви било чекори кон целосна војна против Либан, велејќи дека тоа ќе биде „последниот ден“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.