Песков: Терминалите на Starlink не се официјално испорачани или користени во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека комуникациските терминали на Starlink не се сертифицирани во Русија и затоа не можат официјално да бидат испорачани во Москва и да се користат.

„Овој систем не е сертифициран овде во Русија, така што не може официјално да биде испорачан овде и не е испорачан. Тоа значи дека не може да се користи официјално на кој било начин“, изјави Песков на новинарите на прашањето за потенцијалното користење на Starlink во Русија, пренесува ТАСС.

Американскиот милијардер и претприемач Елон Маск претходно изјави дека сателитските комуникациски терминали на Starlink развиени од неговата компанија SpaceX никогаш не биле продадени на Русија и ги демантираше извештаите на медиумите, повикувајќи се на извори од украинската војска дека руските сили наводно ги користат тие терминали.

SpaceX ѝ обезбеди на Украина свои Starlnk терминали, кои се нашироко користени од украинските војници за контрола на дронови.

И покрај тоа, Маск во неколку наврати ја изрази својата поддршка за решавање на конфликтот во Украина по дипломатски пат.

Слични содржини