Властите во Москва денеска ги предупредија луѓето да не излегуваат на улици за да протестираат, во објава издадена само неколку часа по смртта на водечкиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.
Во соопштение, Обвинителството во рускиот главен град нагласи дека „смета дека е неопходно да се предупреди за прекршување на законот“.
Тие истакнуваат дека има голем број повици на интернет „да се учествува на масовен митинг во центарот на Москва“.