„Шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски тепа полицајци. Ноќеска, пред кафе барот Мош во Скопје, шефот на обезбедувањето на Мицкоски, Ивица Бисовски, физички нападнал полицаец“ рече портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски на прес-конференција.
Тој додаде дека тој и самиот е полицаец, но се обидел да спречи полициска акција за дрога и ги напднал службениците кои дошле во локалот.
„Напад на полицијата, напад на полицајците е напад врз државата“ рече Каевски.
Портпаролот на СДСМ додаде дека ДПМНЕ секој ден го покажува своето вистинско, насилничко и криминално лице.
„Доволни беа неколку денови откако влегоа во техничката Влада. ВМРО-МВРО е на дело, повторно. Овој скандал отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и ВМРО-МВРО“ рече Каевски.
Тој побара одговори од министерот Тошковски и од Мицкоски и повика овој скандал да биде расчистен целосно, а институциите да постапат и секој инволвиран да сноси одговорност.