Организаторите на БАФТА се огласија откако Пери не беше спомнат во „In Memoriam“

од Radmila Tasevska
211 прегледи

Организаторите на БАФТА наградите се огласија откако фановите беа огорчени што Метју Пери не беше одликуван на церемонијата.

„Метју Пери ќе биде одликуван на нашите претстојни телевизиски награди БАФТА во мај и во делот In Memoriam на нашата веб-страница“, одговориле тие, според Дејли мејл.

За потсетување, Пери не беше вклучен во сегментот In Memoriam, што ги налути фановите.

„Срам да ви е“, „Само дојдов да се уверам дека не сум единствениот тажен поради очигледниот пропуст на Метју Пери за време на почитта“, „Не се споменува Метју Пери во делот за оддавање почит на #BAFTA?! Лоша форма“, напишаа на Твитер.

Метју Пери почина на 28 октомври минатата година.

Слични содржини