Мартин Скорсезе ја доби почесната Златна мечка на Берлинале за животно дело

од Radmila Tasevska
237 прегледи

Американскиот режисер Мартин Скорсезе ја доби почесната Златна мечка за животно дело на овогодишното Берлинале во вторникот вечерта.

„Филмовите на Мартин Скорсезе живеат со публиката, неговите филмски ликови живееја и растеа со нас. Неговиот поглед на историјата и луѓето ни помогна да разбереме, но и да се запрашаме, кои сме и од каде доаѓаме“, изјави водечкото дуо на Берлинале. Мариет Рисенбек и Карло Чатријан на доделувањето на почесната Златна мечка на Скорсезе.

Скорсезе: Мислам дека филмот не умира …

Рисенбек и Чатријан го оценија последниот филм на Скорсезе „Убијци на цветната месечина“ како едно од најголемите достигнувања на режисерот.

„За нас е голема чест уште еднаш да го поздравиме еден голем пријател на фестивалот на Берлинале и да му ја врачиме нашата најважна награда“, велат од водечкиот дуо на Берлинале. По доделувањето на наградата беше прикажан филмот на Скорсезе Departed од 2006 година.

Пред наградата, 82-годишниот Скорсезе на прес-конференција изрази оптимизам за иднината на филмот. „Не мислам дека филмот умира, тој само се менува“, рече Скорсезе. Тој додаде дека режисерите не смеат да бидат робови на технологијата, туку мора да ја насочуваат во корист на нивната креативност.

Слични содржини