Столтенберг го поздрави унгарското одобрување за членство на Шведска во НАТО

од Radmila Tasevska
256 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска го поздрави унгарското одобрување за членство на Шведска во Алијансата, откако унгарскиот парламент го ратификуваше шведското барање.

Столтенберг нагласи дека проширувањето на НАТО во Шведска ќе ја направи Алијансата посилна и побезбедна.

Парламентот на Унгарија денеска го одобри законот со кој и се дозволува на Шведска да се приклучи на НАТО, со што конечно се отвори патот на таа нордиска земја да се приклучи на западната одбранбена алијанса.

Слични содржини