224
Шведскиот дипломат Олоф Скуг денеска е именуван за специјален претставник на ЕУ за човекови права.
Тој ќе го замени Имон Гилмур, чиј петгодишен мандат завршува на 29 февруари.
Европската дипломатска служба наведе дека работата на Скуг ќе биде да ја промовира политиката на ЕУ за човекови права, ставовите на ЕУ за почитување на меѓународното хуманитарно право и поддршка за меѓународната кривична правда, како и да води дијалог со властите и невладините организации од трети страни за прашања поврзани со почитувањето на човековите права.
Скуг до август 2023 година беше шеф на делегацијата на ЕУ во Обединети нации, а пред тоа и европски амбасадор во Индонезија и Брунеи.