Аксиос: Шефови на израелски безбедносни сили гарантираа дека нема да ги раселуваат Палестинците во Египет

од Radmila Tasevska
329 прегледи

Началникот на Генералштабот на израелската војска Херзи Халеви и шефот на израелската служба за безбедност Шин Бет Ронен Бар го посетија Каиро за да ги уверат египетските власти дека Палестинците нема да бидат истуркани преку границата во Египет во воената офанзива во Рафа, пишува денеска Аксиос.

Порталот, повикувајќи се на двајца американски претставници, наведува дека шефовите на израелските служби се сретнале со нивните египетски колеги минатата недела за да разговараат за израелските планови за офанзивата.

Постои широко меѓународно противење на офанзивата и стравувања за судбината на повеќе од милион раселени Палестинци кои се засолнија во Рафа од конфликтот.

Египет, исто така, постојано предупредува дека присилното раселување на Палестинците во земјата може да го поткопа мировниот договор Каиро-Ерусалим.

Слични содржини