Харадинај најави формирање опозициски сојуз за уривање на „антидржавната влада на Курти“

од Radmila Tasevska
258 прегледи

Претседателот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер, Рамуш Харадинај вели дека Косово, поради, според него, штетните политики на актуелниот премиер, Албин Курти ризикува да го загуби „сето што го постигнало досега, особено пријателството со САД“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку неговата страница на социјалната мрежа Фејсбук, Харадинај порача дека треба да се стави крај на „антидржавната влада на Албин Курти“, за што ААК започнала преговори за создавање опозициски сојуз.

Харадинај по седницата на партиското раководоство, одржана во Пеќ, информира дека ААК покренала „конкретни дејствија за мобилизација и проширувањето и зајакнувањето на сојузот“, кој, како што рече, „го создаде своето јадро со други опозициски субјекти, како што се Социјалдемократската иницијатива, Клубот на интелектуалци Е-30 и Конзервативната листа“.

– Овој политички сојуз ќе расте и нема да застанеме додека не ја создадеме критичната маса со која ќе се стави крај на оваа антинационална владејачка логика, напиша Харадинај.

Поранешниот косовски премиер нагласи дека „Косово решително останува на својот евроатлантски пат и партнерството со сојузниците, особено со Америка“.

Слични содржини