Русија осуди Украинец за шпионажа

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Суд на југот на Русија осуди 57-годишен Украинец на 11 и пол години затвор за шпионажа, бидејќи се обидел да набави тајни ракетни компоненти и да ги прошверцува во Украина, пренесоа руските агенции.

Агенциите ја цитираат руската безбедносна служба ФСБ дека мажот, идентификуван како Серхи Кривицки, бил агент на воената разузнавачка служба на Украина.

Не навеле дали лицето ја признало вината или не.

„Тој сакаше да прошверцува тајни компоненти на рускиот ракетен систем земја-воздух С-300 во Украина“
појасни ФСБ.

Како што додале оттаму, Кривицки е жител на Мелитопол, украински град кој беше заземен од руските сили на почетокот на 2022 година. Москва сега го смета Мелитопол за дел од Русија, што Киев и Западот го отфрлаат.

Минатата година Русија отвори 31 случај поврзан со шпионажа и 98 за предавство, што е најголем број од распадот на Советскиот Сојуз.

Слични содржини