Новинари во отворено писмо бараат од Израел пристап до Појасот Газа

од Radmila Tasevska
296 прегледи

Група од 55 новинари од повеќе земји напишаа отворено писмо во кое ја повикаа израелската влада да им дозволи да влезат во Газа за да ја следат војната.

Во писмото се наведува дека на странските известувачи им е забранет пристапот до територијата од избувнувањето на војната, „освен ретки влегувања во придружба на израелската армија“.

Новинарите ги повикуваат Израел и Египет да им дадат на сите медиуми „слободен и непречен пристап“.

како што јави Ал Џезира, тие повикаа и на мерки за заштита на локалните новинари.

Во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, се убиени 126 новинар, повеќе од кој било друг воен конфликт во историјата.

Слични содржини