Американската актерка Оливија Вајлд (39) привлече внимание со својот изглед кога се појави на ревијата на модната куќа „Ив Сен – Лоран“ на модната недела во Париз, пренесе Стандард лајф.
Имено, познатата актерка на ревијата облекла здолниште и проѕирно црно боди под кое немала градник, а целата модна комбинација ја искомбинирала со кожени ракавици. Покрај Вајлд, проѕирни комбинации носеа и некои други познати гости, како Џорџија Меј Џегер, Елса Хоск, Зои Кравиц, Лила Мос и Јасмин Тукс, иако нешто поконзервативни од нејзините.
Да потсетиме дека Вајлд беше во врска со актерот Џејсон Судеикис, со кој имаше две деца, синот Отис и ќерката Дејзи. Двојката се разведе по девет години врска во 2020 година, по што актерката започна романса со пејачот Хари Стајлс.