Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вчера му се заблагодари на Ватикан за „плодната“ хуманитарна работа во Украина, вклучувајќи го и враќањето на украинските деца депортирани во Русија, објави италијанската новинска агенција АНСА.
„Многу им благодарам на претставниците на Светата столица за нивната плодна работа“, изјави Подољак за католичкиот дневен весник „Авенире“, осврнувајќи се на мисијата на претседателот на Италијанската епископска конференција, кардиналот Матео Зупи, емисар на папата Франциск за мир во Украина.
Во мај минатата година, папата Фрaнциск го задолжи кардиналот Зупи да даде иницијативи кои би можеле да го отворат патот за мир во Украина. Зупи досега ги посети Киев, Москва, Вашингтон и Пекинг во рамките на мисијата што му беше доделена.