Путин: Повеќето луѓе ширум светот споделуваат традиционални вредности

од Vladimir Zorba
461 прегледи

Мнозинството луѓе ширум светот ги споделуваат традиционалните вредности и затоа треба да се обединат за да застанат во одбрана на нив, порача денеска рускиот претседател Владимир Путин во видео обраќањето до учесниците на Светскиот младински фестивал.

Тој укажа на важноста на еднаквоста и правдата, традицијата на силно семејство и взаемна помош, служење на татковината и чувство на одговорност за нејзината судбина, пренесе ТАСС.

„Знам дека овие вредности ги делат огромното мнозинство од жителите на Земјата. Затоа мораме да се грижиме за нив и да ги браниме заедно, заедно да ги исполниме нашите соништа и да си помагаме еден на друг да ги направиме животите на милијарди, дозволете ми да нагласам, милијарди луѓе, подобри“, рече тој.

Слични содржини