Исчезна статуата на Брус Ли во Мостар

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Статуата на познатиот мајстор за боречки вештини Брус Ли од засега непознати причини е отстранета од паркот Зрињевац во Мостар. Неофицијално, Градот Мостар нема никаква врска со отстранувањето на статуата, ниту Мостарското комунално претпријатие.

Од МВР на ХНЖ засега немаат официјални информации за овој настан.

Во паркот Зрињевац во ноември 2005 година беше поставен споменик на херојот на многу среќни детства, истрајниот кунг-фу мајстор – Брус Ли, човек кој не е ниту Хрват, ниту Бошњак, ниту Србин, пишува Blijesak.info.

Слични содржини