Унгарија нема да ја поддржи кандидатурата на Руте за генерален секретар на НАТО, вели Сијарто

Холандија изминатите години беше меѓу најгласните членки на ЕУ во изразувањето загриженост поради демократското назадување во Унгарија

од Бети Божиноска
298 прегледи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска истакна дека Унгарија нема да ја поддржи кандидатурата на холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, за следен генерален секретар на НАТО, пишува „Гардијан“.

Руте веќе ја доби поддршката од најголемите членки на НАТО.

Холандија изминатите години беше меѓу најгласните членки на ЕУ во изразувањето загриженост поради демократското назадување во Унгарија. Унгарскиот премиер Виктор Орбан во 2020 година на шега посочи дека не знае „која е личната причина холандскиот премиер да ме мрази мене или Унгарија“.

На особено тензичниот самит на Алијансата во 2021 година, кога се засилија тензиите меѓу лидерите поради унгарскиот анти-ЛГБТ закон, Руте нагласи дека Унгарија мора да ги почитува основните права или да си замине.

„Мојата цел е да ја доведам Унгарија на колена по ова прашање“, посочи тој тогаш.

Сијарто денеска се осврна и на овие коментари.

„Ние секако не можеме да поддржиме изборот на личност која претходно сакаше да ја натера Унгарија на колена за генерален секретар на НАТО,“ рече Сијарто.

Слични содржини