Самитот на АСЕАН се фокусира на поморската безбедност и трговијата 

Австралија, односно Мелбурн беше домаќин на тридневниот самит на 10-члениот АСЕАН, со кој има повеќе од петдецениска врска, а кој заврши денес.

од Бети Божиноска
184 прегледи

Австралискиот премиер Антони Албанезе изјави денеска дека поморската безбедност, трговијата и чистата енергија ќе ја оформуваат иднината на земјата во рамките на блокот АСЕАН во време кога Пекинг се труди да го зголеми своето присуство во спорното Јужното Кинеско Море, пренесува „Еурактив“. 

Австралија, односно Мелбурн беше домаќин на тридневниот самит на 10-члениот АСЕАН, со кој има повеќе од петдецениска врска, а кој заврши денес.

„Австралија е посветена на соработката со вас за да се осигура дека ќе се почитуваат принципите на сувереност, територијален интегритет, еднаквост и независност. За да се погрижи нашиот регион да биде безбеден, истраен, инклузивен и просперитетен,“ истакна Албанезе во својот говор на тридневниот самит кој заврши денеска 

Тој посочи дека Австралија и АСЕАН мора да соработуваат за да ја претворат својата природна поврзаност во попрактична соработка во поморсдката одржливост и безбедност додека Кина е се понаметлива со своето дипломатско и воено присуство во регионот. 

Коментарите на Албанезе следат откако Филипините во вторникот го повикаа заменик-шефот на кинеската дипломатска мисија во Манила за да протестираат против „агресивните дејства“ на кинеските поморски сили кон мисијата за снабдување на филипинските трупи стационирани во регионот на Јужното Кинеско Море, во кое Пекинг континуирано демонстрира сила и доминација. 

Двете земи се во територијален спор и покрај пресудата од 2016 година од Постојаниот арбитражен суд кој пресуди дека територијалните претензии на Кина во целото Јужно Кинеско Море немаат законска основа. 

Се очкува заедничката декларација од самитото подоцна денеска да го истакне ставот на АСЕАН во однос на војната меѓу Израел и Хамас и на руската инвазија на Украина. 

Слични содржини