Столтенберг: Шведска го зазеде „заслуженото место на масата на НАТО“

„Ова е историски ден. Шведска сега ќе го заземе своето заслужено место на масата на НАТО, со еднакво право на збор во обликувањето на политиките и на одлуките на НАТО, рече тој,

од Бети Божиноска
257 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави Шведска како 32-та членка на Алијансата, ставајќи крај на двовековната официјална неврзаност и на двегодишната измачувачка дипломатија, пренесува „Ал Џезира“.

„Ова е историски ден. Шведска сега ќе го заземе своето заслужено место на масата на НАТО, со еднакво право на збор во обликувањето на политиките и на одлуките на НАТО. По повеќе од 200 години неврзаност, Шведска сега ја ужива заштитата дадена според Член 5, крајна гаранција за слободата и безбедноста на сојузниците “, се вели во соопштението на Столтенберг.

Шведската влада објави дека ќе одржи специјален владин состанок за да го одобри пристапот.

Шведска официјално стана 32-та членка на воениот блок предводен од САД откако претходно денеска стапи на сила документот за официјализирање на пристапувањето на Стокхолм.

Во документот објавен од американскиот Стејт департмент се посочува  дека се исполнети сите услови за влез на Шведска во НАТО и дека протоколот што го означува членството на Стокхолм стапил на сила на 7 март 2024 година.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон е во посета на Вашингтон, каде што државниот секретар Ентони Блинкен церемонијално ќе ги прими документите за ратификација по тешката битка за обезбедување на потребното зелено светло од сите членки на НАТО.

Слични содржини