(видео) Пцовиса свињата-сликар Пигкасо чии дела достигнаа милионска сума

Свињата чии слики заработија повеќе од 1 милион долари, почина по хронично заболување, изјави нејзината сопственичка

од Бети Божиноска
323 прегледи

Глобалната уметничка сензација Пигкасо – свиња тешка 500 килограми позната по сликањето со нос и со четка – пцовиса во Јужна Африка на осумгодишна возраст откако боледуваше од хроничен ревматоиден артритис, соопшти нејзината сопственичка, пренесува „Њујорк пост“.

Во изјава за „Кејтерс њуз“, Џоан Лефсон – 52-годишна уметница и активистка за правата на животните – објави дека нејзиниот креативен партнер починал откако здравствената состојба ѝ се влошила во септември 2023 година.

„Тажно е што умре таква инспиративна фигура за добросостојбата на животните, но ние исто така го славиме добро проживеаниот живот и длабоките траги што таа ги остави“, рече Лефсон.

Во 2016 година, Лефсон ја спаси Пигкасо, која тогаш имаше четири недели, од фабричка фарма непосредно пред да биде испратена во кланица. Оттаму, свињата била преместена во засолниште за спасени животни во Франшхук, Јужна Африка.

Лефсон во еден момент забележала дека свињата јадела или уништувала се што останало во нејзината кочина освен четка за бојадисување. Таа тогаш дошол до идеја да ја научи свињата да ја користи четката и го негувала интересот на животното за уметноста.

„Таа не е само свиња што слика – далеку од тоа. Ова е сериозна и многу креативна соработка во која што работам и се ангажирам преку „подвижна четка“ за да развијам динамични уметнички дела кои инспирираат и го предизвикуваат статус кво“, напиша Лефсон на својата веб-страница.

Проектот беше наречен „LEFSON + SWINE“ и неговата цел беше да го нагласи „неповрзаноста и раздорот на човештвото со нашата планета“ и фокусот на „храната“ што ја избираме да ја јадеме и штетните ефекти што ги има животинското земјоделството за врз животната средина и врз благосостојбата на животните.

Во текот на својата уметничка кариера, Пигкасо ги продаде своите слики за повеќе од еден милион долари и постави светски рекорди со тоа што стана првиот животински уметник што одржал самостојна уметничка изложба и ги продаде најскапите уметнички дела насликани од животно.

Пигкасо е опишана како „најуспешниот нечовечки уметник во светската историја“. Сега, нејзината оставнина „продолжува низ светилиштето и нашата мисија да инспирираме пољубезен, поодржлив свет за сите“, рече Лефсон.

Слични содржини