Ин Мемориам: Почина Атина Апостолова, доајенка на македонската народна музика

Атина Апостолова е родена на 20 мај во 1946 година во Скопје, а на македонската музичка сцена, беше присутна повеќе од четриесет години

од Бети Божиноска
342 прегледи

Денеска во Скопје ненадејно почина доајенката на македонската народна музика Атина Апостолова (77). Веста на смртта на Апостолова ја сподели пејачката Вики Среброва, која долги години беше нејзина пријателка.

Атина Апостолова е родена на 20 мај во 1946 година во Скопје, а на македонската музичка сцена, беше присутна повеќе од четриесет години и зад себе остави хитови како „Запејте мераклии“, „Цела вечер ќе ти пејам“, „Верувај ми“, „Усни румени“, „Те видов и се заљубив“, „Иле Илија“ и многу други.

Во кариерата реализираше и бројни турнеји во Австралија, во Канада и во Америка. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски.

Имаше одлична соработка со Ванчо Тарабунов, со Ефто Пупиновски и со Милан Завков. Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со Ванчо Тарабунов (Верувај ми) и со Ефто Пупиновски (Скопските боеми).

Во 2023 година на Фестивалот „Тумба Фест” во Куманово ја доби наградата за животно дело.

Слични содржини