Кина донесе закон со кој на Комунистичката партија ѝ се дава поголема контрола врз владата

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Кинескиот парламент, Националниот народен конгрес, денеска усвои ревидиран закон со кој и се овозможува на кинеската комунистичка партија да има поголема извршна контрола врз кинеската влада, Државниот совет.

За измени на законот за Државниот совет гласаа 2.883 пратеници, осум беа против, а девет беа воздржани, пренесува Ројтерс.

Во измените на законот се нагласува дека Државниот совет мора одлучно да го поддржи авторитетот на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и да го следи неговото раководство и на генералниот секретар на партијата Кси Џинпинг.

Слични содржини