Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, го одликуваше епископот Ефрем од Бања Лука со Орден на пријателството, пренесува „РТ Балкан“. Орденот го врачи амбасадорот на Русија во Босна и Херцеговина, Игор Калабухов.
На церемонијата на врачување на орденот присуствуваке претседателот на Република Српска Милорад Додик, претседателот на Народното собрание Ненад Стевандиќ и градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.
Рускиот амбасадор во БиХ, Игор Калабухов, изјави дека бискупот Ефрем од Бања Лука гради мостови на пријателство и братска љубов меѓу верниците во Русија и Рна епублика Српска, што Москва го смета за камен-темелник на руско-српското духовно единство.
„Голема чест и задоволство ми е да ви доделам висока државна награда во име на претседателот на Руската Федерација – Орден на пријателството за голем придонес во зајакнувањето на пријателството и соработката меѓу народите на Русија и БиХ , како и за зачувување на руско-српското духовно единство“, истакна Калабухов.
Калабухов посочи дека е симболично што во март годинава ќе се навршат 30 години од востановувањето на оваа награда во Русија и 60 години откако владиката Ефрем станал искушеник во манастирот на СПЦ.
Неговото Високопреосвештенство, епископот Бањалучки Ефрем, му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин за почеста, оценувајќи дека духовните и националните врски на рускиот и српскиот народ се силни и нераскинливи.
„Претседателот Путин очигледно директно или индиректно ги оценил моите мали заслуги достојни за внимание и за награди, кои ги прифаќам со благодарност. Ти благодарам голем човеку, надеж на сите мирољубиви народи. Ти благодарам за се што правиш за големиот руски народ и за сите на човештвото“, нагласи владиката Ефрем.
Редот на пројателството е основан со указ на Претседателот на Руската Федерација во 1994 година. Досега се наградувани и странци и државјани на Русија – за особени заслуги во зајакнувањето на мирот, пријателството, соработката и меѓусебното разбирање меѓу народите, како и за зближување и заемно збогатување на културите.