Британскиот дипломат Мајкл Девенпорт, шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово, објави во пост на „Х“ дека мисијата ги поддржува Албин Курти и неговиот повереник за јазици во воспоставувањето почитување на јазичната усогласеност со законите, истакнувајќи дека замената на таблите во северот на Косово на коие се имињата на местата на службените јазици, требало да уследи по претходна консултација.
„ ОБСЕ го поддржува повереникот за јазици во Кабинетот на премиерот во утврдувањето на усогласеноста со постојното законодавство. Чекорите за замена на таблите со имиња на места на официјалните јазици треба да следат по консултацијата со неговата канцеларија“, рече Девенпорт.
We at @OSCEKosovo support the Language Commissioner in the Office of the PM in determining respect for language compliance under applicable legislation. Steps to replace signs showing place names in official languages should follow consultation with his Office.
— Michael Davenport (@DavenportOSCE) March 15, 2024
Со помош на косовската полиција, работниците ангажирани од приштинското Министерство за инфраструктура во четвртокот ги отстранија таблите на кирилица и поставија нови – на албански и на српски јазик, но на латиница.
На таблите со двојазичните имиња на српските места на северот на Косово, ноќта меѓу четвртокот и петокот, имињата на албански јазик беа обоени со црн и со црвен спреј, а останаа само оние на српски.