Странка на демократска акција на Македонија (СДА) денеска, во Скопје, одржа седница на Главниот одбор на партијата, во проширен состав, на која покрај претседателот на СДА, г-дин Џелал Хоџиќ, се обрати и Стево Пендаровски.
СДА на Македонија веќе одлучи да му даде поддршка на актуелниот претседател на државата, г-дин Пендаровски, затоа што првиот свој мандат го одработи чесно, без ниту една афера, додека во неговите политики и одлуки покажа инклузивност, внимание за маргинализираните заедници, се водеше од демократските вредности, со посебен акцент за важноста на стратешките цели, членство на државата во ЕУ и НАТО.
За време на целиот мандат на Пендаровски како Претседател на државата имавме одлична комуникација и соработка за подобрување на положбата на бошњачката заедница, како и за политиките кои се од стратешки инетерс за државата. Немаме дилема дека ќе продолжиме со одличната соработка и во следниот мандат на г-дин Пендаровски.
СДА Македонија е убедена во победата на Пендаровски на престојните претседателски избори, како и победа на про-европските политички сили кои ќе ја составуваат следната Влада, по парламентарните избори.
Странка на демократска акција на Македонија