Борел: Газа повеќе не е „затвор на отворено“, туку „гробишта на отворено“

од Симе Стоиков
280 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хосеп Борел во понеделникот наутро го осуди Бенјамин Нетанјаху за создавање услови за „гладување“ во Газа и го повика Израел веднаш да дозволи испорака на храна.

Доаѓајќи на самитот на министрите за надворешни работи во Брисел, тој рече дека европските лидери му рекле на израелскиот премиер дека не можат да стојат настрана и да гледаат како Палестинците умираат од глад.

Во Газа веќе не сме на работ на гладување, ние сме во состојба на глад што погодува илјадници луѓе.

Германскиот канцелар Шолц му рекол на Нетанјаху дека „не можеме да стоиме настрана и да гледаме како Палестинците гладуваат“. Овој глад не е природна катастрофа. Не е случајно. Не е земјотрес. Тоа е целосно предизвикано од човечка активност.

Канцеларот Шолц додаде дека Европејците не можат да седат и да гледаат како Палестинците гладуваат, кога од другата страна на границата има храна што се акумулира во залихи со месеци, додека преку улица луѓето умираат од глад. Ова бара одредени активности.

ЕУ, која финансира најголем дел од помошта за Газа, соопшти дека пред војната преку 500 тони помош дневно ја минувале границата. Во моментов, можно е да се префрлат само 100 тони дневно.

Борел додаде: „Пред војната Газа беше најголемиот затвор на отворено. Денес е најголемите гробишта под отворено небо“.

Вчера, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, една од најверните поддржувачи на Израел во ЕУ, изјави дека „Газа се соочува со глад и не можеме да го прифатиме тоа“.

Слични содржини