Во Лепосавиќ запален автомобилот на сопственикот на порталот „Косово онлајн“.

Порталот појасни дека инцидентот со запалениот автомобил не го пријавиле вчера поради годишнината од погромот на Србите на Косово и од почит кон жртвите.

од Бети Божиноска
290 прегледи

Автомобилот на Душан Милановиќ, сопственикот на компанијата „ВИМ инфо“ во косовскиот систем, инаку основач на порталот „Косово онлајн“,бил запален изминатиот викенд во Лепосавиќ.

Порталот јавува дека возилото било опожарено во ноќта меѓу саботата и неделата, а случајот бил пријавен во косовската полиција која спровела истрага.

„Не сакајќи да прејудицираме и да го врзуваме овој случај со односот на сопственикот на запаленото возило и со нашиот медиум, очекуваме надлежните институции да го расветлат мотивот, да ги идентификуваат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата“, велат од „Косово онлајн“.

Порталот појасни дека инцидентот со запалениот автомобил не го пријавиле вчера поради годишнината од погромот на Србите на Косово и од почит кон жртвите.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, потврди вчера дека автомобилот изгорел во Лепосавиќ ноќта меѓу саботата и неделата. Полицијата потоа добила пријава во три часот по полноќ и веднаш излегла на местото на настанот.

„Запален е еден автомобил, оштетен е моторот. Засега не ги знаеме причините. Истрагата е во тек“, изјави Елшани.

Слични содржини