Британскиот мултинационален производител на стоки за широка потрошувачка „Unilever“ објави дека ќе укине околу 7.500 работни места со цел да заштеди околу 684 милиони фунти (800 милиони евра) во следните три години.
Британскиот гигант забележува дека ќе ги намали главно канцелариските работни места и паралелно ќе инвестира во технологија за подобрување на продуктивноста и намалување на трошоците.
Раководството најавува разговори со работниците, не откривајќи каде точно планира да ги скрати работните места. Тие само скицираа временска рамка од две години.
„Unilever“ има 128.000 работници ширум светот, а вработува 6.000 во Британија.
Извршниот директор Хајн Шумахер потсетува дека во акцискиот план се обврзале да произведат „помалку работи, подобар квалитет“, а промените, како што вели, треба да им овозможат да го забрзаат неговото спроведување.
„Решени сме да ја спроведеме нашата програма за продуктивност (подобрување) во соработка со претставниците на вработените и да покажеме почит и грижа за работниците кои ќе бидат погодени“, додаде Шумахер.