Александар Андов нов селектор на македонската женска А репрезентација

од Симе Стоиков
196 прегледи

Фудбалската федерација на Македонија го назначи Александар Андов за нов селектор на македонската женска А репрезентација.

Александар Андов досега ја извршуваше функцијата асистент во стручниот штаб на досегашниот селектор, Кирил Изов.

Фудбалската федерација на Македонија упатува благодарност до Кирил Изов за неговиот професионализам и посветеност во текот на извршувањето на селекторската функција. Во оваа прилика му посакуваме многу среќа во понатамошната кариера.

Од она што може да се пронајде за Андов за издвојување е што е претседател на ОФС Кочани, а кратко работел и како главен тренер на ГФК Осогово и како тренер на голманите во ЖФК Кочани.

Слични содржини