344
Откако се појави во медиумите и на пазарот, новата креација на Tesla наречена Cybertruck привлекува огромен интерес. Во последно време, луѓето дури пукаат со огнено оружје во пик-апот и ја докажуваат непробојноста на неговиот челик.
Но, се чини дека има некои посериозни проблеми, пишува „ХАК“. Многу сопственици зборуваат за наводен проблем со дизајнот, а еден од нив објави фотографии на X.
Имено, се чини дека светлата во процепот на предната табла се поставени премногу ниско и дека околу нив се собира снег, што ја намалува видливоста при возење. Светлосната лента на горниот дел од маската има функција на дневна светлина, а главните се спорни.
Сопствениците велат дека со светлата покриени со снег, нивната видливост е нула.